„Ми треба простор“ се зборови кои никој не сака да ги слушне од партнерот, а ако тоа се случи, многумина се збунети, паничат, се чувствуваат отфрлено …
Треба да знаете дека овие зборови не мора да значат ништо лошо. Напротив, ако прифатите дека на партнерот му треба простор и му го дадете тоа што му треба, тоа може уште повеќе да ве зближи.
Кога мажот ќе си замине и ќе сака простор за себе, жената често е збунета, па претерува во искажувањето на емоциите. Сепак, предупредуваат експертите за врски, жените на тој начин предизвикуваат контраефект кај „посилните половини“. Совет е да го пуштите да биде сам мажот кога ќе побара „малку простор за себе“, бидејќи ќе знае дека го почитувате и навистина го сакате.
Доколку сакате да ја зачувате врската и повторно магнетски да го привлечете партнерот, експертите за врски предлагаат да ги примените овие три чекори.
1. Разберете го
Можеби ќе има лош период или нешто го мачи, но сепак не е подготвен тоа да го сподели со вас. Затоа, важно е да му дозволите да размислува за своите чувства.
Значи, првото нешто што треба да го направите кога партнерот бара простор за себе е да го разберете и да ја прифатите неговата желба да биде малку осамен.
2. Елиминирајте ја напнатоста
Ова е дефинитивно чекор кој бара многу труд, бидејќи неизбежно е откако ќе дознаете дека вашата „посилна половина“ сака малку повеќе простор за себе, да бидете напнати и тажни.
Обидете се некое време да ги оставите емоциите на страна, а кога ситуацијата ќе се нормализира, разговарајте со партнерот за тоа како сте се чувствувале, но внимавајте да не го натерате да се чувствува виновен.
3. Дајте му поддршка
Ако сака да побегне некое време, тоа не значи дека мажот престанал да ве сака, само му треба малку време да се справи со емоциите или некоја ситуација.
Не се лутете ако не ви се јавува со часови, туку кажете му „Толку сум среќна што одговори“, и тој ќе сфати дека е со жена која ги почитува неговите потреби.
Извор: Попара.мк