Шарлиз Терон, Марго Роби и Никол Кидман се појавиле на промоцијата на новиот филм “Bombshell“ во кој ги глумат новинарките од “Fox“ кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Ејлс.
Шарлиз за оваа прилика се одлучила за црно фустанче со деколте до папокот, а со оваа модна комбинација ги засени сите присутни на премиерата.
Атрактивната актерка изгледа подобро од кога и да било, а со нејзиниот фустан кој повеќе открива од што покрива ја разбуди машката фантазија. Актерката уште еднаш покажа дека важи за една од најсексапилните жени.
Се гледа дека Шарлиз има добра фигура на телото, а многумина ја фалат поради тоа што не посегнала по трендот на силикони.
Додека даваше автограми на своите фанови, Шарлиз се исправи напред, а во прв план паднаа нејзините гради.
Актерката ова модна комбинација ја комбинираше со сандали во иста боја. Од накит имаше долги обетки и прстен.
Никола Кидман се одлучи за машко одело и кошула закопчана околу вратот со вратоврска додека пак Марго Роби носеше женствен фустан.