Драгиша Гудељ го загрижи целиот спортски свет кога колабираше на среде натпревар пред половина година, но за среќа лекарите брзо реагираа и фудбалерот итно беше префрлен во болница.
Се испостави дека на братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ му е констатирано кардиореспираторен застој и по низа тестови морал да оди на операционата маса за да му се постави автоматизиран дефибрилатор.
Грдите работи кои се случија во семејството Гудељ се далеку зад нив, а денес имаат посебна причина за славење.
Мајката Оливера направи вистински преседан, па среќната вест ја потврди од дома на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, денес е роденден на нејзиниот помал син Драгиша, а по повод овој прекрасен ден, Оливера објави серија фотографии од познатиот фудбалер од најраната младост до денес.
Драгиша денеска полни 26 години, а веќе некое време ужива во љубовта со убавата манекенка Лана Лазиќ.
фото:инстаграм принтскрин