Љубов и Секс

Сексот како тренинг: Најмногу калории се трошат стоејќи, најмалку во лежачка положба

Сексот како тренинг: Најмногу калории се трошат стоејќи, најмалку во лежачка положба

Сексот за време на кој двајцата партнери стојат согорува најмногу калории, додека ако сакате да добиете форма со секс, треба да избегнувате лежечки пози, советуваат фитнес-експерти од порталот 24/7 Фитнес. Како единица време, експертите избрале половина час секс, за време на кој, ако двајцата партнери стојат, тие можат заедно да согорат 343 калории, при што маж троши 198 калории и жена 145. Додека со лежечката позиција се трошат само 56 калории.

Веднаш по стоечката поза за мажите, најефективна е таканаречената „wheelbarrow“, слична на позицијата „doggy“, но со таа разлика дека нозете на мажот се многу пораспраширени од женските. Тогаш мажот троши 167 калории, а жената 149, поради што оваа поза е рангирана на високо второ место. Позата во која жената лежи на грб, со нозете кренати нагоре, т.н. „legs akimbo“, мажот троши 153 а жената 111 калорија. Малку подобра за припадниците на двата пола е позицијата „lotus“, во која партнерите трошат 287 калории – 148 тој, и 139 таа.

Експертите посочуваат дека сексот има одличен ефект врз срцевите отчукувања, ја зголемува циркулацијата и флексибилноста на телото, но иработата на хормоните. Во исто време, оргазмот ја активира областа на мозокот која е одговорна за намалување на чувството на болка, а овој ефект може да трае и до 24 часа.

извор: Попара.мк

To top