Постојат многу начини на кои можеме да го подобриме нашиот сексуален живот, а еден од нив е навистина едноставен.
Истражувањата покажаа дека многу жени не се осмелуваат да стенкаат за време на сексот поради чувство на непријатност и срам, иако чувствуваат природна потреба да пуштат глас.
Студија објавена во Journal of Social and Personal Relationships докажа дека стенкањето е всушност добро за вас и вашето сексуално доживување и може да го подобри сексот, па затоа не треба да се спречува.
За почеток, постои физичка причина зошто стенкањето пожелно. Кога жената стенка за време на сексот, грлото ѝ се отвора, а дишењето се забавува, што доведува до опуштање на карличните мускули, што пак доведува до подобар оргазам.
Некои истражувања на сексолозите покажаа дека сме значително послободни со стенкање кога сексуалното искуство е интензивно, вели д-р Лори Минц.
Докажано е дека пуштањето глас всушност дополнително го зголемува чувството на возбуда, но не само за вашиот партнер, туку и за вас. Ова е потврдено од многу жени кои велат дека често ги возбудува звукот на нивниот сопствен глас затоа што стенкањето е природен одговор на организмот на физички дразби што будат сексуално задоволство кај нас.
Жените исто така стенкаат за време на сексот за да комуницираат со својот партнер и да покажат дека уживаат во задоволството што им го пружа партнерот, објаснува Никол Бурати, терапевт и сексолог.
Секако, има жени кои се природно тивки за време на сексот и немаат потреба да стенкаат. Експертите советуваат никогаш да не глумиме задоволство и да не се обидуваме да го охрабриме партнерот со лажно стенкање, бидејќи со тоа всушност испраќаме погрешен сигнал и му кажуваме на партнерот дека она што тој го прави многу ни годи, а всушност не е така.
Ако спаѓате во групата на погласни жени, не срамете се од вашите потреби затоа што тоа ќе го направи вашиот сексуален живот уште подобар.
извор: кајгана