Љубов и Секс

Сексолозите советуваат како да ja „зачините“ мисионерската поза

Сексолозите советуваат како да ja „зачините“ мисионерската поза

Иако мисионерската поза луѓето обично ја доживуваат како најдосадната поза во сексот, вистината е сосема поинаква.

Имено, таа може да биде многу забавна. Некои од најдобрите сексуални терапевти споделиле совети за како мисионерската поза да ја подигнете на повисоко и повозбудливо ниво.

Сексологот Крис Максвел Роус тврди дека оваа поза може да биде подеднакво „валкана“ како и секоја друга поза во сексот.

„Мисионерската поза може да биде слатка и романтична, но од друга страна и груба и ‘животинска’. Искуството на добриот секс може многу повеќе да зависи од вашиот став, отколку од вашата позиција. Запрашајте се дали сакате меки, нежни бакнежи на вратот или груби гризнувања покрај клучната коска? Сакате романтичен контакт со очите или сакате да ги затворите очите и да се фокусирате на допирите? Кога ќе сфатите што сакате, побарајте го тоа“, вели Роус.
Користете CAT техника
CAT тегниката е техника на коитално усогласување и претставува варијација од мисионерска поза во која жените полесно доживуваат оргазам. Додека трае чинот во мисионерската поза, мажот треба да се помрдне нагоре неколку сантиметри, така што базата на неговиот полов орган треба да биде усогласена со клиторисот на неговата партнерка. Жената потоа со нозете ставени преку неговите бедра, треба да ги доближи гениталиите и така да создаде притисок и контра притисок.

Допирајте се
Додека водите љубов со партнерот, сами стимулирајте го клиторисот и допирајте се. Уживајте во контролата на сопственото уживање и оргазам. Немојте само да лежите и да чекате партнерот да направи сè. Пронајдете прав агол, наместете се и подместете го грбот. Доколку имате проблем со правиот агол, земете перница како потпора.

Не се плашете од „валкан“ разговор
Да бидеш добар во кревет вклучува и „секси разговор“. Со оглед на тоа дека нашиот мозок е најголем полов орган, секси разговорите во кревет можат дополнително да ја загреат атмосферата во креветот.

извор:точка.мк

To top