На жените често им се префрлува дека се незаинтересирани за секс, а на мажите дека не размислуваат за ништо друго. Но, се чини дека и едните и другите имаат подеднакви сексуални желби и потреби, па проблемот се јавува бидејќи ги немаат во исто време.
Сексолозите забележале дека желбата за секс и уживањето во него многу варираат зависно од полот и периодот од денот. Во ова би можело да лежи решението на сите недоразбирања и потенцијални караници помеѓу партнерите, бидејќи единственото што треба да се стори е да се синхронизира времето, без разлика на обврските и да се ужива.
Од 6 до 8 наутро
ТАА: Иако е веќе будна, нејзиното тело сеуште не е спремно за секс. Количината на мелатонин (хормонот за спиење) сеуште е високо, а температурата на нејзиното тело почнува да се зголемува. Нормално, можно е и да посака секс во раните утрински часови, а никако не смее да се избегнува предиграта, бидејќи тоа е единствениот начин да се разбуди, загрее и вистински да ужива.
ТОJ: Што се однесува до сексуалната возбуда, повеќето мажи својот врв го доживуваат во ова време. Им треба малку возбуда и енергија за почеток на денот. Но, тогаш обично се брзи на „пукалото“. „Влези-излези-упс“ – жените може да се надеваат на ова во раните утрински часови.
Од 8 до 10
ТАА: Будна е и спремна за секс. Количината на ендорфинот (хормонот на среќата и расположението) во крвта го достигнува својот максимум, па затоа на повеќето жени за „напалување“ ќе им биде потребно сосема малку.
ТОЈ: Сега е фокусиран на работата. Количината на тестостеронот се смалила на нормала, па доколку сака да го возбуди, на жената ќе и биде потребно повеќе време.
Од 10 до 12
ТАА: Рецепторите веќе се изостриле, па сега може да извлече максимално уживање од орален секс. За среќа, мажите скоро секогаш се спремни да го пружат тоа доколку се побара од нив.
ТОЈ: Повторно е во фаза на размислување, па во овој период би претпочитал повеќе да фантазира за секс, отколку да го направи првиот чекор.
Од 12 до 14
ТАА: Во овој период е целосно активна и презафатена за да се фокусира на уживање.
ТОЈ: За време на паузата за ручек секогаш е расположен за малку лудории и би му било повеќе од драго партнерката да му се придружи во некоја сексуална активност.
Од 14 до 16
ТАА: Далеку од тоа дека на памет и паѓа желба за романтичен секс, во неа се будат инстинктите – инвентивно, диво и грубо.
ТОЈ: Во исто време неговата сперма е со најголем квалитет. Доколку се стреми кон потомство, тогаш дефинитивно е време за акција.
Од 16 до 18
ТАА: Повеќето жени во попладневните часови не се спремни за подолги сексуални активности. Во обзир доаѓа секс набрзинка.
ТОЈ: Спремен е за акција и не сака спор секс. Му треба нешто брзо и страсно за да се изпразни од стресот и негативната енергија.
Од 18 до 20
ТАА: Треба да ја надокнади изгубената енергија, па на памет и доаѓа само храна. Но, без разочарување. Ова е вистинскиот период за искажување љубов, разговори, комплименти…
ТОЈ: Ни на мажите не им е баш до секс во овој период од денот. Се што сака тој е храна и одмор.
Од 20 до 22
ТАА: Најдоброто време да добие се што сака, полека и нежно. Преполна е со енергија и подготвена за превземање на иницијатива.
ТОЈ: Спремен е да и ги исполни сите желби на својата партнерка. Женскиот и машкиот сексуален „часовник“ во овој период чукаат како еден.
Од 22 до полноќ
ТАА: Количината на мелатонин драматично се зголемува околу полноќ. Нејзиното тело спие иако сеуште е будна. Шансите за некоја акција не се баш големи, но би можела да загриза на романтика.
ТОЈ: Целосно е опуштен, но сеуште не му се спие. Спремен е за долго и бавно водење љубов.
Од полноќ до 6 наутро
ТАА: На нејзиното тело му е потребен одмор и целосно е опуштена.
ТОЈ: Неговото тело е во длабок сон од кој може да се разбуди само со многу труд.