Австралискиот сексуален експерт Надја Бокоди, тврди дека дозволата на мажите да гледаат 18+ филмови или пак да одат во стриптиз клуб ќе ја намали нивната желба за изневерување.
Таа ги предупредила жените да не се однесуваат како полицајки во нивните љубовни врски.
„Кога првпат се венчав пред повеќе од 10 години, бев многу јасна во врската, правилата за тоа како мојот сопруг треба да се однесува.
Контролирав сè што прави, но тоа не беше добро. Често се расправавме, а по караницата доаѓаше до напната тишина која што безуспешно се обидувавме да ја ублажиме“.
Надја утврдила дека наредувањето на партнерот што го правела таа, може да доведе до пропаѓање на љубовната врска.
Таа истакнала дека сите сме научени дека вистинската љубов значи да бидеш умрен кон една личност, но и дека гледањето 18+ филмови или пак посетување на стриптиз клуб не значи дека вашата љубов е помалку силна.
Надја тврди дека заљубеноста не значи дека сте станале асексуални, а иако е природно да чувствувате љубомора додека вашиот партнер гледа привлечна личност, тоа не значи дека на тоа треба да реагирате.
Таа исто така истакнала дека нејзината врска сега не е изградена од недоверба.
„Моето момче не бара моја дозвола за да оди во стриптиз клуб и не го крие „RedTube“ на неговиот мобилен телефон“ – изјавила Надја.
„Помалку веројатно е дека партнерот ќе бара нешто или пак ќе се буни доколку го ограничувате“ – заклучила таа.
извое:кармин/точка.ком.мк