Љубов и Секс

Сексолог открива: Само во овие 3 случаи сексот со поранешниот партнер е големо „да“

Сексолог открива: Само во овие 3 случаи сексот со поранешниот партнер е големо „да“

Доколку некогаш сте размислувале за водење љубов со поранешен партнер, еве во кои случаи тоа е пожелно.

Со години ни зборуваат дека враќањето во минатото, поточно враќањето на поранешните љубови и отворање на одамна затворените врати, никако не е добра идеја.

Нешто што е завршено, се случило со причина. Меѓутоа, не се согласуваат сите со тоа. Меѓу нив и експертите за интимни односи, односно д-р Никол Мекничолс која тврди дека искрите во кревет со поранешниот партнер се можни, но само во три случаи.

Прв случај – доколку посакате да имате интимни односи со поранешна љубов, треба да расчистите со останатите чувства, главно негативните, како што е бесот.

„Сè додека и двајцата сте релативно излекувани од раскинувањето и натаму си верувате и се почитувате еден со друг, немате чувство на бес, тогаш е можно да се случи тоа“, објаснила докторката и додала дека водењето љубов со поранешниот партнер е пријатен и безбеден.

Втор случај – она што многумина го обожуваат, оргазам.

„Веќе си ги познавате телата еден со друг, и двајцата знаете што другиот партнер сака, што не сака, што би можело да биде забавно, а што дефинитивно непожелно“, објаснува експертката.

Трет случај – дефинитивно смирување. Интимните односи со поранешниот партнер можат да бидат патот кон повторен почеток.

„Постојат многу комуникации кои се случуваат во текот на интимниот однос дури и доколку всушност не се изговараат зборови“, објаснила докторката и додала дека тоа не мора секогаш да биде лош знак.

„Понекогаш интимните односи ни помагаат да оздравиме и да запаметиме што било добро во врската“, заклучила таа.

извор:точка.ком.мк

To top