Покрај сè треба да се грижите и за своето физичко здравје. Редовно консултирајте се со својот гинеколог, за да ја исклучите можноста проблемите со либидото да бидат присутни во вас.
Сексот е темата за која што многу од жените се срамат да зборуваат. Тоа, од друга страна доведува до многу работи да не можат да ги сфатат на вистински начин.
Ова е листата прашања:
1. Како да му кажете на партнерот што сакате?
Како и во сите сфери на меѓучовечки односи, комуникацијата е клучна. Обидете се да не критикувате, туку да му нагласите на партнерот дека нешто не прави како што треба. Секогаш почнете со комплименти, а потоа кажете го тоа што сакате да се појави во вашето еротско мени.
2. Како да ја зголемите желбата за секс?
Пред сè, водете сметка за вашето физичко здравје. Редовно консултирајте се со вашиот гинеколог за да ја исклучите можноста проблемите поврзани со вашето либидо да бидат присутни во вас. Кога се храните правилно и практикуваме физичка активност, нашето тело произведува допамин и ендофрин. Тоа за возврат дава позитивен ефект на либидото.
3. Не можете да постигнете оргазам за време на сексот? Дали тоа значи дека нешто не е во ред со вас?
Недостатокот на оргазам во текот на сексот е апсолутно нормално, а тоа го потврдува и статистиката. Само 15 отсто од жените го постигнуваат низ пенетрацијата. За поголемиот дел од нив потребно е стимулирање на клиторисот за да го постигнат.
4. Колку често треба да имете секс?
Не постои ниту еден точен одговор. Меѓутоа, тоа што секако дека е точно е фактот што квалитетот е важен, а не квантитетот. Интимната блискост исто така е премногу важна, па дури поважна и од самиот чин на сексот. Доколку се бакнете, допрете, прегрнете, сексот ќе биде многу подобар.
5. Дали употребата на секс помагала штети на односот или пак тоа значи дека нешто не е во ред со врската?
Тоа е прашањето кое што многу од паровите си го поставуваат. „Нешто не е во ред со нас доколку ни е потребна поддршка?“, не, апсолутно не е така. Секс играчките ќе ви помогнат да бидете постимулирани.
извор: точка.мк