Без разлика дали сте затворени во карантин со партнерот, со цело семејство или сте сингл и флертувате онлајн, страста не смее да згасне.
Ви предлагаме една секси игра која ќе ја разбуди фантазијата и ќе ве ослободи од инхибициите, а може и да ја продлабочи врската со актуелниот или потенцијалниот партнер.
За оние кои имаат партнер до себе, по играњето на оваа игра може да продолжите со реализирање на некои од предлозите во играта.
Оваа секси игра се заснова на познаата американска друштвена игра Never have I ever (Никогаш не сум…) во која се признаваат скокотливи искуства, а за секое искуство со кое се идентификувате или пиете шот жесток алкохол или соблекувате парче облека.
Пренаменете ја играта во секси контекст и почнете со играње. Ќе бидете изненадени колку послободно ќе се чувствувате потоа. Ова се само неколку предлози за изјави кои може да ги искористите.
Никогаш не сум фатил/а некого среде секс
Никогаш сум немала секс додека имам добиено менструација/Сум немал секс со девојка додека има добиено
Никогаш ме немаат фатено среде секс
Никогаш сум немал/а групен секс
Никогаш не сум фантазирал/а за секс во тројка
Никогаш сум немал/а секс во јавност
Никогаш не сум се снимал/а за време на секс
НИкогаш не сум користел/а секси помагала или играчки
Никогаш сум немал/а секс на работното место
Никогаш не сум заспал/а за време на секс
Никогаш не сум замислувал/а друг/а за време на секс
Никогаш не сум мастурбирал/а гледајќи како други имаат секс
Никогаш сум немал/а секс за една вечер
Никогаш не ме фатиле како гледам порно
Никогаш не сум играл/а улоги во секс игри
Никогаш сум немал/а секс со колега/колешка од работа
Никогаш не сум бил/а во стриптиз клуб
Никогаш не сум играл/а стриптиз за некого
Никогаш не сум имал/а секс со личност од истиот пол
Никогаш не сум бил/а со некој/а што е во врска со друга личност
Никогаш не сум бил/а со славна личност
Никогаш не сум пратил/а некому разголени фотографии
Никогаш сум немал/а незаштитен секс
Никогаш не сум имал/а секс во када/џакузи
Никогаш сум немал/а секс со личност многу постара од мене…
извор: кајгана