Ако болката не е силна, да речеме во последните денови на менструалното крварење, и ако вашиот партнер е за тоа, нема пречки за интимни односи. Кои се позитивните страни?
Сексот за време на менструацијата е едно од најголемите табуа кога станува збор за активноста помеѓу чаршафите – дури и најдобрите пријатели нема да си признаат еден на друг дека го направиле тоа. Сепак, нема причина за тоа. Менструалното крварење е природна функција на телото, благодарение на ненадејниот скок на тестостерон, желбата за секс би можела изненадувачки да се зголеми.
Ако грчевите се поблаги и се чувствувате добро, а на вашиот партнер не му пречи, експертите истакнуваат дека нема пречки.
Сексот за време на менструацијата не мора да биде… неуреден
Пристапот кон сексот во „тие денови“ е различен кај секој пар. На пример, ако се плашите како ќе изгледа и дека се ќе биде неуредно и валкано, можеби не е лоша идеја да го направите тоа под туш.
Оргазмот може да ги ублажи менструалните болки
Според експертите, ендорфинот што се ослободува за време на оргазмот може да ги ублажи грчевите и стресот кај некои жени.
Можеби ќе бидете повозбудени
Поради зголемувањето на нивото на тестостерон на почетокот на циклусот, вашето либидо може да се зголеми!
Што и да мислите за ваквиот однос, безбеден е
Ако сте загрижени за здравствената страна и за тоа како сексот ќе влијае на вашиот партнер во текот на циклусот, ќе ве утеши фактот дека менструалната крв е само уште една телесна течност и во никој случај не може да предизвика здравствени проблеми за другата страна.
– Има чудна стигма во врска со тоа, благодарение на мизогинијата во нашата култура, но менструалната крв е безбедна – посочува Лара Брајден, специјалист за женско здравје.
Менструацијата е „природен лубрикант“
Ако користите лубриканти поради сувост на вагината или која било друга причина, ќе ве интересира објаснувањето на Ана Друет, која е на чело на тимот што ја разви апликацијата за следење на менструацијата.
– Сексот овие денови очигледно е најприродниот можен лубрикант. Менструацијата е добра прилика за секс под туш – истакнува таа.
извор:попара.мк