Љубов и Секс

Секс во брак – како да ја одржите страста?

Секс во брак – како да ја одржите страста?

Секс во брак многу често се претвора во рутина, а уживањето исчезнува. Што да направите за да ја вратите почетната страст во брачниот живот?

Премногу сте навикнати еден на друг, па најверојатно затоа не уживате во сексот.

Исто така, можеби потсвесно сте лути на вашиот партнер бидејќи сте примениле некои навики под нејзино/негово влијание, а тие значително влијаат на вашето либидо.

Можеби е потребно да ја вратите вашата самодоверба. Кога ќе го направите тоа, ќе ви порасне либидото и на двајцата.

Меѓусебната привлечност бара секој партнер да го гледа другиот како индивидуа; доколку секогаш знаете што сака вашиот партнер и како размислува- искрите исчезнуваат. Изненадете ja/го и бидете иницијатор на нешто ново.

Кажете го јасно она што го мислите и изразувајте ги вашите емоции.

Парадоксално е тоа што добриот секс ќе се врати кога емоционално и интелектуално ќе се оддалечите од вашиот партнер, пишува Guardian. Ова може да го постигнете со тоа што ќе практикувате поинакво хоби од него/неа.

извор:курир.мк

To top