Љубов и Секс

Секс со славна личност или со поранешниот партнер: Еве што значат 5-те најчести еротски соништа

Секс со славна личност или со поранешниот партнер: Еве што значат 5-те најчести еротски соништа

Сигурно барем еднаш во животот сте имале некој жежок еротски сон, а повеќето од нас следното утро остануваат збунети од “лудото сценарио” кое е речиси невозможно во реалниот живот.

Еве какво значење имаат најчестите еротски соништа:

Секс со шефот
Луѓето често сонуваат секс со својот надреден или некој друг авторитет. Тоа не значи дека буквално го посакувате тоа, туку е всушност потсвесна желба за признание и преземање на одговорност. Освен тоа, значи дека сакате да имате поголем авторитет и да бидете подоминантни.

Секс со некој кој воопшто не го сакате
Жешка ноќ со некоја личност која во реалниот живот не ви се ни допаѓа, дури и ја презирате? Причина: ако некој има секс на сон, тој покажува гола кожа и на некој начин е разголен односно разоткриен. Со тоа, вие сакате да го “разголите” вашиот животен сопарник.

Секс со славна личност
Кој барем еднаш не го сонувал ова? Светот е полн со актери, музичари и други познати личности кои повремено нѝ скокнуваат во креветот – на сон! Причината за тоа е сосема едноставна: ја сметате таа личност за привлечна, а привлечноста не мора да биде поврзана со добриот изглед. На пример, може да станува збор за улога која личноста ја глумела во филм кој неодамна сте го гледале.

Секс со поранешниот партнер
Класика! Но, зошто сонуваме за тоа? Причината е следна: некаде длабоко сокриено во вашата потсвест се наоѓаат некои чувства кон него. Работите за кои не сте имале време да поразговарате или да ги искусите во врската, можат да се појават во облик на еротски сон.

Екстремни сексуални соништа
Групен секс, садо-мазо игри или замена на партнерот: понекогаш сонуваме за екстремни сексуални пракси со кои немаме допирна точка во реалниот живот. Сонот не значи дека тоа потсвесно го посакуваме, туку има симболично знаење. На пример, ако дента сте направиле нешто непријатно, како незгоден разговор со шефот, тоа може да се рефлектира и во вашиот сон во екстремен облик.

извор: точка.мк

To top