Љубов и Секс

Секс најмалку еднаш неделно – еве зошто

Секс најмалку еднаш неделно – еве зошто

Заклучокот на една студија за влијанието на сексот на здравјето е дека треба да водите љубов најмалку еднаш неделно за сексот позитивно да влијае на здравјето.

Научници од Универзитет во Сан Франциско, Калифорнија, го следеле сексуалниот живот на 129 жени.

Испитаниците давале податоци за задоволството во својата врска, како и за конфликтите, поддршката која ја имаат од партнерот и за интимноста. Кога ги споредиле тестовите за крв, се покажало дека оние кои имале секс барем еднаш неделно имале значително подолги теломери (заштитни капаци на хромозомите кои се скратуваат со годините), кои се сметаат за одговорни за стареење.

Низ годините, теломерите во клетките пропаѓаат и се скратуваат како резултат на стареењето, исхраната, пиењето алкохол… велат научниците.

Редовниот секс може да го одложи стреењето и да ги продолжи теломерите, одржувајќи ги клетките здрави. Оваа мала студија, се разбира, бара дополнителни истражувања.

извор:точка.ком.мк

To top