Љубов и Секс

Секс идеи за секој ден во неделата

Секс идеи за секој ден во неделата

Како да најдеме време за сите благодети кои ни ги нуди сексот? Трикот е во тоа да го промените својот секојдневен пристап и да пробате нови идеи уште оваа недела. Повеќето, сексуалниот живот го ставаат ниско на својата листа на приоритети, далеку под работата, сонот, грижата за децата, а понекогаш и гледањето спортски натпревар е подобро рангиран.

Понеделник: Антистрес секс

Првиот ден во неделата е многу напнат. Викендот е завршен, а пред вас следи уште една напорна работна недела. Победете го стресот со еден час релаксирачки секс после вечерата. Почнете така што на својот партнер ќе му приредите еротска масажа.

Вторник: На брзина

Стигнавте дома од работа. Фрлете се на еден брз и страствен секс пред да ги наполните стомаците со вечера, бидејќи потоа ќе ви биде тешко дури и да се мрднете. Кујната е одлично место за оваа кратка, но слатка епизода.

Среда: Акција на каучот

Како да сте повторно во средно училиште. Легнете на каучот и гледајте филм. Додека на филмот му се ближи крајот, полека тргнете во акција. Легнете над него, бакнувајте го по вратот и рамениците, а тој за неколку минути ќе посака да ви ја искине целата облека.

Четврток: Мрзлив секс

Работната недела е при крај, а вие сте при крај со вашите сили. Еве идеална поза која не бара многу напор, а нуди големо задоволство. Двајцата мора да легнете бочно, мажот позади жената. Во оваа позиција ќе бидете во можност да пробате некои прилично интересни потези, бидејќи е многу интимна.

Петок: Агресивен секс

Кој е најдобриот начин да ја употребите таа дивјачка енергија која од вас ја извлекле проблемите на работа? Сексот, секако. Пречекајте го партнерот уште на вратата и наместо да започнете караница, како што обично правите кога вашите проблеми ќе ве потиснат, бакнете го и веднаш почнете да се соблакате.

Сабота: Секс под туш

Ах, таа сабота! Кога само би траела цела недела! Ден за уживање и одмор. Предложете му на партнерот заедничко туширање, како добра предигра за страствените моменти кои следат.

Недела: Утрински секс (два пати)

Поминете половина ден во кревет, но не гледајќи телевизија. Искористете го неделното претпладне за секси лудории. Имате сила, одморени сте од саботата, па затоа навалете. Најмалку два пати, еднаш вие смислете сценарио, а другиот пат оставете на вашиот партнер да ја одбере позата.

 

 

 

 

To top