Во популарниот ТВ квиз „Се или нешто“ за изминатите шест сезони се појавиле доста интересни натпреварувачи, но во новата седма сезона, студиото го краси и 20 годишниот супер модел Ангела Василевска од Скопје, која се уште не дошла на ред за битка со банкарот.
Токму затоа, камерите чето фокусираат во нејзината маркантна појава – убаво лице и уште повпечатливо тело за кое неодамна се врати од избор во Бугарија со титула токму за најубаво лице и тело од сите натпреварувачки.
Ангела околу пет години се занимава со манекенство и е дел од модното студио „Црнокрак“, а натпреварите за убавина се чест дел од нејзината агенда.
Атрактивната скопјанка е студентка при филозовскиот фекултет во Скопје, додека слободното време го користи за фитнес вежби, возење велосипед и дружби со семејството и најблиските.
Нејзиниот профил е доста популарен на социјалната мрежа Инстаграм, каде има доста да се види од нејзиниот раскош – од фотографии во провокативни стајлинзи, до такви во жешки танга бикини изданија.
Како ќе се покаже во „Се или нешто“ и колку ќе биде среќна во отворањето на кутиите на банкарот, останува да видиме, а дотогаш уживајте во нејзините ултра секси фотографии.