Урологот и сексолог д-р Александар Милошевиќ, зборувајќи за теориите дека некои лекови кои се користат како терапија против ковид-19 предизвикуваат проблеми со репродуктивниот систем, крена прашина со изјавата дека одредена група не би требало да има сексуални односи после короната.
Кога се во прашање лековите и потенцијата, Милошевиќ цели дека нема податоци дека короната предизвикува импотенција или намалување на пенисот кај „вообичаените„ случаи.
– Лековите кои се даваат се проверени и одобрени, нема ништо ново и не може да се поврзе еден со друг додека не се направат студии. Факт е дека вирусот влегува во сите ќелии, во бубрежните, во тестисите… Намален е бројот на сперматозоиди кај оние кои имале тешка форма на болеста. Нормален е падот на потенцијата во самата фаза на инфекцијата кога напаѓа и температурата, слаби сме и желбата е послаба. Теоретски гледано, можно е да се намали пенисот, но тие случаи обично завршуваат со смрт, ако има дифузна коагулација поради огромните Д-димери – појасни тој.
Наводно, после лековите против корона не би требало да имате секс, а докторот го разби и тој мит.
– Ниеден пациент кој имал ковид не треба да има секс, две-три недели, нема акција, физички напор. Одморот е клучен при оздравувањето. Тоа е поврзано повеќе за ковидот, а не за лековите. Не е точно дека лековите ја намалуваат потенцијата – истакна тој.
извор: Курир.мк