Луѓето во едно се согласни – зависносста од мобилните телефони навистина отиде предалеку.
Истражувањето кое што го спровела компнијата „SureCell“ покажало дека секоја десетта личност е опседната со својот мобилен телефон, толку многу што некои од нив го проверуваат дури и во текот на сексуалниот однос.
Освен тоа, 43 отсто од учесниците во истражувањето признале дека тоа го прават постојано, а тие воглавно имаат помеѓу 18 и 34 години.
„New York Post“ пренесува дека сепак ништо од горенаведеното не би требало да претставува преголемо изненадување со оглед на тоа што во последните пет години многумина го игнорираат својот партнер затоа што тој константно е на својот мобилен телефон, проверувајќи ги актуелностите на социјалните мрежи.
Речиси половина од луѓето во претходни истражувања признале дека константно го прават тоа. Па, дури и кога се обидуваат да се опуштат за време на вечерата со својот партнер, дури 33 отсто од испитаниците велат дека не можат своите прсти да ги држат подалеку од екраните на допир.
Многу од испитаниците изјавиле дека мобилниот телефон им го уништува љубовниот живот.
Дали вие се гогласувате со ова?
извор:to;ka/supermen.kom.mk