Живот и Стил

Сега можете да истражувате други месечини и планети со Google Maps

Сега можете да истражувате други месечини и планети со Google Maps

Ако имате желба да ја истражувате вселената, имаме добри вести за вас. Од Гугл ја претставија нивната нова карактеристика на Google Maps со која можете да ги истражувате планетите како Венера, Меркур и Плутон, па и неколку замрзнати месечини во нашиот соларен систем.

Оваа нова карактеристика ви овозможува да се движите помеѓу неколку небесни тела, да ги ротирате и да зумирате помеѓу планетите и месечините. Наводно, проектот бил инспириран од леталото Cassini кое има испратено илјадници фотографии. Овие фотографии откриваат сосем нови делови од Јупитер, Сатурн, како и нивните месечини.

„Пред 20 години беше лансирано леталото Cassini на патување кое ќе ги открие тајните на Сатурн и неговите месечини. За време на мисијата, Cassini направи и испрати речиси половина милион фотографии на Земјата овозможувајќи им на научниците да ги реконструираат овие далечни светови со неверојатни детали.“ – изјавиле од Гугл.

Бидејќи сè уште нема опција за пребарување, навигацијата може да ви оди тешко. Од друга страна пак, ова ви овозможува самите да се движите низ сончевиот систем што е навистина возбудливо.

Покрај Јупитер и Сатурн, можете да ги истражувате Церес, Ио, Европа и Мимас (замрзнати месечини кои најверојатно имаат вонземски живот.) Најстарата верзија на Google Мaps им овозможуваше на корисниците да ги гледаат Земјата, месечината, Марс, Меркур и Интернационалната вселенска станица, а овие опции ќе останат достапни и сега.

Иако има некои мали проблеми на кои треба да се поработи, сè на сè ова е одличен начин да го истражите нашиот сончев систем.

извор:кафепауза.мк

To top