Постојат многу работи кои можете да ги правите по сексот, а не едноставно да заспиете. Следните 7 предлози ќе ви помогнат уште повеќе да се зближите со партнерот.
Галете се
Ова е вообичаена работа. Галењето по сексот е најубав начин да му кажете на партнерот дека го сакате.
Разговарајте
Не мора да разговарате за сексот. Дури и наједноставнот разговор може повторно да ви ја разбуди страста и да ви ја подобри комуникацијата.
Поврзете се
Поврзувањето може да се случи на различни начини. Преку разговор, допири, галење… И така лежите еден покрај друг, па зошто да не си прошепотите некоја тајна на уво?
Допирајте се
Се разбира дека во текот на сексуланиот акт ќе се допирате, но и после сексот можете да применувате мали, суптилни допири. Нежно допрете ја раката или косата на партнерот. Тоа може повторно да ја разбуди страста и кој знае до каде може да ве однесе.
Разговарајте за иднината
Разговорот за иднината е многу важен. Можете да разговарате за вашите надежи и соништа, како и за тоа што очекувате иднината да ви донесе.
Смејте се
Сексот не мора да биде озбилен. После, па дури и додека имате секс, може да се смеете. Можете да си кажете по некоја шега или да ги спомнете работите што сте ги правеле. Тоа може уште повеќе да ве зближи и да направи да се чувствувате подобро затоа што не е сè така озбилно.
Јадете во кревет
Сексот е вежба која согорува многу калории. Најубав начин да ја вратите енергијата е да јадете. Затоа, после сексот можете да направите оброк кој ќе го јадете со партнерот во кревет.
Извор: Попара