Љубов и Секс

Седум знаци поради кои секоја жена „процветува“

Седум знаци поради кои секоја жена „процветува“

Џорџ Клуни и Амал Клуни се пар којшто привлекува внимание со својата голема љубов која личи на бајка.

Доколку некогаш сте се прашувале како изгледа маж којшто ја сака својата сопруга, погледнете ги само фотографиите од Џорџ и Амал Клуни од Венеција.

Овој популарен пар се наоѓа во Венеција, а повод за тоа е Меѓународниот филмски фестивал, но и доделувањето на „DVG“ наградите посветени на извонредните жени.

Една од добитничките секако дека е Амал Клуни (45) која е наградена за својата работа на полето на човековите права.

Облечена во розов фустан и златни сандали, Амал едноставно блескала. Меѓутоа, оваа убава жена е сѐ поубава како што ги поминува годините во бракот.

Откако се венчала за Џорџ Клуни, таа едноставно расцветала. Причина за тоа? Љубовта!

Експертите од полето на психологијата издвоиле 7 сигнали кои покажуваат дека мажот е вљубен во својата жена:

1. Внимателен е кон другите луѓе во вашиот живот.

2. Среќен е и горд на вашиот успех.

3. Не се плаши да ви покаже дека е ранлив.

4. Тој умее и сака да се жртвува.

5. Се бори за вас, но ќе се бори и со вас.

6. Ве слуша и гледа што правите.

7. Често ја иницира интимноста.

извор:курир.мк

To top