Токсичните врски многу често имаат свои првични знаци, аларми кои трепкале, ама понесени од возбудата не сме ги забележале.
Дури и ако сите околу нас ги забележуваат, ние остануваме „имуни“, на своја штета, но и сѐ подлабоко заглавени во врска што не е добра за нас.
Авторот на „YouTube“ каналот „Charisma on Command“ повторно преку пример од поп-културата советува како да се препознаат навреме овие знаци на токсична личност, односно токсична врска.
Ова се знаци што укажуваат на тоа дека сте во токсична врска и кои не треба да ги игнорирате ако ги забележите уште на почетокот:
Поважно е им е да бидат во право отколку искрени
Негодуваат и упорно бараат да бидат исполнети само нивните желби
Едно зборуваат, а друго прават
На вашите најблиски не им се допаѓа таа личност и начинот на кој ве третира
Токсичните луѓе ќе се трудат да ве оддалечат од сите други и да зависите само од нив
Го гледаме партнерот онака како што ни одговара, а не каков што е
Врската е постојан ролеркостер од екстремно добри и екстремно лоши ситуации.
Извор: Кајгана.мк