Знаете како се вели, „секое чудо за три дена“. Истото важи и кога се паровите и љубовта во прашање. Прочитајте до кои правила се придржуваат луѓето кои имаат неверојатен секс.
Пар 1: Нашето единствено правило е за време на сексот да бидеме потивки ако другите членови на семејството се во домот.
Пар 2: Не водиме љубов кога сопругата има менструација. Имав едно лошо искуство уште на факултет и едноставно тоа не можам да го поднесам. Уште едно правило до кое лично се придржувам е пред орален секс задолжително да се истуширам.
Пар 3: Правилото до кое слепо се придржуваме е комуникацијата. Ако на некој од нас нешто не му се допаѓа, не нѝ е непријатно или болно, го кажуваме тоа гласно и јасно. Дури и паровите кои долго се во врска не можат да си ги читаат мислите еден на друг.
Пар 4: Сопругот и јас имаме неколку правила: За време на сексот ги соблекуваме чорапите, гасиме светло и го исклучуваме телевизорот. Строго е забрането кревање на телефон за време на сексот.
Пар 5: Ако еден од нас е расположен за секс, а дргугиот не е, си даваме 24 часа за прилагодување и евентуален секс. Ако не дојде до него, мастурбацијата е дозвлена. Не затоа што таа инаку е забранета во нашата врска, туку затоа што постојано работиме на нашата поврзаност и сакаме да одржуваме редовни односи.
Пар 6: Социјалните мрежи се забранети 30 минути пред одење во кревет, бидејќи делуваат исклучително нестимулативно и контрапродуктивно.
Пар 7: Јас и сопругот правиме неделен план за да бидеме сигурни кога ќе имаме минимум 4 квалитетни сексуални односи. Тој планира два дена, а исто толку и јас. Притоа, секогаш се обидуваме да се изненадиме еден со друг со нови детали.
извор: точка.мк