Љубов и Секс

Седум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 години

Седум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 години

Повеќето дами признаваат дека откриле каков е добриот секс дури откако наполниле 30 години, а за тоа има и едноставно објаснување. Имено, многу од нив дури тогаш се ослободуваат од срамежливоста, подобро се запознаваат себеси и се опуштаат.

1. Побарајте го тоа што го сакате
Мажите сè уште не ги совладале вештините за читање на мислите, затоа не очекувајте од нив да знаат што сакате. Наместо да бидете незадоволни од тоа што се случува под јорганот, кажете му на партнерот што сакате, што ве возбудува и за што фантазирате.

2. Вревата е пожелна
Вашите воздишки и вербалното изразување на задоволството, дополнително ќе ги разгори страстите.

3. Мастурбацијата повеќе не е табу
Ниту пак, е резервирана само за мажите. Опуштете се и запознајте го сопственото тело. Можеби ќе се изненадите колку е тоа возбудливо.

4. Обидете се со нови нешта
Рутината е одлична. Сè додека не стане смртоносно досадна. Ако веќе знаете како изгледа предиграта и како таа завршува – време е да пробате нешто ново. Не мора тоа да биде ништо екстремно, затоа што дури и најмалата промена може да ја разбуди заспаната заводничка во вас.

5. Постојаното одбивање не е забавно
Во ред е да одбиете секс ако не сте расположени за тоа, но ако никогаш не сте расположени, запрашајте се во што е проблемот. Време е да го изненадите вашиот партнер и да го направите првиот чекор со тоа што први ќе му предложите водење љубов.

6. Почестете се себеси купувајќи си секси долна облека
Да, почестете се себеси со облека која ќе го „зачини“ вашиот љубовен живот, а и вашиот партнер сигурно ќе ужива во тоа.

7. Не одбивајте да бидете интимни затоа што не сте целосно мазни
Кратко и јасно – баш му е гајле на партнерот заради тоа што вам ви израснале неколку влакна. Немојте да бидете премногу строги со себе.

извор:кафепауза.мк

To top