Љубов и Секс

Се заразил од коронавирус на патување во Италија со љубовницата

Се заразил од коронавирус на патување во Италија со љубовницата

Маж од Велика Британија наводно е во голема паника откако се заразил со коронавирусот за време на патувањето во Италија со љубовницата.

Неименуван маж во доцни 30-ти години, опишан како добро ситуиран и со добра работа, наводно ѝ рекол на сопругата дека оди на деловно патување во Велика Британија, пренесува „The Sun“.

Кога се вратил дома, почнал да покажува симптоми на болеста и тестовите потврдиле дека е заразен со коронавирус. Упатен извор за британскиот магазин рекол дека здравствените работници се скарале за случајот на овој маж, кој “би бил смешен да не е толку сериозен“.

„На докторите им призна што правел во Италија и дека неговата сопруга нема поим“, додал изворот.

„Таа мисли дека болеста ја ‘закачил’ на деловното патување.“

Неговата сопруга е свесна дека само е заразен со вирусот, и се изолирала во нивниот луксузен дом на север од Англија.

„Мислел дека има совршено алиби за афера, но не сметал на коронавирусот“, вели изворот. Додава дека е среќен што успеал да дојде дома пред да бидат откажани летовите, а наводно повеќе е во паника поради тоа што може неговата сопруга да дознае дека ја изневерувал, отколку поради здравјето.

извор: точка.мк

To top