Радио Милева

Се вика Си и е неодолива: Борис Новковиќ за првпат ја покажа ќерката која ја доби со 25 години помладата партнерка (фото)

Се вика Си и е неодолива: Борис Новковиќ за првпат ја покажа ќерката која ја доби со 25 години помладата партнерка (фото)

Хрватскиот поп пејач и композитор Борис Новковиќ и неговата 25 години помлада партнерка Ирис Волф во месец април 2019 година го добија своето прво дете.

Борис и Ирис за името на ќерката одбраа сосема необично име од две букви, односно нивната наследничка се вика Си, што во превод значи „душа“.

По повод Нова Година, Борис објави фотографија со Ирис и осуммесечната Си која ѕирка меѓу мама и тато.

фото:борис новковиќ/инстаграм

-Сакаме цела година да ве осветлува љубов, бидејќи од љубовта се започнува и се’ се враќа во неа. Кога сакате безусловно тогаш ја сакате енергијата на здравје, среќа и успех засекогаш ќе сјаат на твојот пат. Среќна 2020, порачал Новковиќ.

Како што пишуваа регионалните медиуми, Борис и неговата сакана со која е заедно од минатото лето, планираат да се венчаат годинава.

To top