Живот и Стил

Се сеќавате ли на Супер бабичката -знаете ли колку години има денес?

Се сеќавате ли на Супер бабичката -знаете ли колку години има денес?

Бабичката чиј заштитен знак беше карираната капа со црвена пуфка ни беше една од омилените работи што ги гледавме на телевизија додека растевме во ’90-тите години.

Доколку сè уште не ви текнува за кого станува збор погледнете го воведот на ТВ-серијата, а тука е и моментот кога супер бабичката ги добива своите моќи кои ги употребува во борба против криминалот.

„Супер бабичка“ се снимала во периодот од 1985 – 1987 година. Вкупно брои две сезони од по 13 епизоди + божиќните бонус епизоди. Секоја епизода трае 30 минути, а серијата е направена според книгите на авторот Форест Вилсон.

Se-sekjavate-li-na-super-babicka (4).jpg

Se-sekjavate-li-na-super-babicka (12).jpg

Верувале или не, главната актерка која го портретираше ликот на супер бабичката е сè уште жива. Нејзиното име е Гудрун Уре, родена е на 12 март, 1926 година во Шкотска, а глумела до 2009 година.

Se-sekjavate-li-na-super-babicka (3).jpg

Se-sekjavate-li-na-super-babicka (9).jpg

Se-sekjavate-li-na-super-babicka (1).jpg

Таа денес има 91 година, а едно од последните интервјуа го дала во 2006 година. Објавено е 10 години подоцна, во 2016 година. Како што може да погледнете, таа и покрај возраста изгледа одлично:

извор:скопје24.мк

To top