Пред неколку месеци сопругата на фолк пејачот Марјан Коцев, Билјана, учествуваше во квиз –шоуто „Се или нешто“, а тогаш беше во блажена состојба.
Овој понеделник на исчекувањето на приновата и дојде крајот, а гордиот татко на социјалните мрежи откри дека со саканата уште еднаш станале родители, овој пат на машко бебе.
-Дуња си добри братче, Данило, а ние со мама Билјана си добивме уште едно ангелче. Фала мама!- напиша пејачот во објавата за убавата вест.
Инаку, Марјан и неговата сопруга веќе ја имаат нивната ќеркичка Дуња која од приложеното може да се види дека е пресреќна за братчето кое и го подарија мама и тато.
Честитки!