Висока, стројна, згодна со атрактивен изглед и манекенски пропорции. Јавноста ја запозна како некогашна членка на модното студио „Црнокрак“, топ модел, манекенка и мисица која учествувал на повеќе домашни и меѓународни избори.
Од друга страна и пејачка која кариерата ја започна менувајќи ја Симона Попоска на настапите со ДЈ Ерик Фокс, за потоа да тргне и по својот пат.
По првата сопствена песна „Никад доста“ и тоа на српски јазик, веројатно заради желба за пробив во регионот и второто остварување, до душа во дует, насловено „Беби“, македонската „секс бомба“ со „атомски потенцијал“ каков што кај нас ретко се гледа, кога сите очекуваа да „експлодира“ на естрадната сцена, неа ја снема!?
Во празничните денови помеѓу Новата 2022 година и Божиќ, долгоногата убавица сподели фотографии на социјалните мрежи на кои осамна вистината или поточно причината за нејзиното „медиумско отсуство“. А таа не може биде поубава и пооправдана, зашто Кристина обзанани дека станала за прв пат мајка!
Имено, таа иако долго ја криеше бременоста од јавноста, а за неа знаеа само најблиските, на денот ( 05.01.2022) кога го донесе на свет своето машко чедо кое го добило името Илин, радосната вест убавицата ја обзнани со серија фотографии кои биле снимени порано, кога таа била во полна бременост пред породување.
Само во боди или по теркот на светските селебрети ѕвезди гола до половина, Кристина покрај „бремената фотографија“ во постот обзнанила:
„Денес среда среќен ден,05.01.2022 Господ не благослови со најголемата среќа! Го добивме најубавиот подарок-се роди Илин. Добредојде на свет наше слатко момче. Мама и тато те сакаат“!
View this post on Instagram
Непосредно потоа среќната и горда мајка ја сподели и првата фотографија по породувањето од породилната соба во една приватна скопска акушерско-гинеколошка клиника, на која во топлите мајчински прегратки го држи своето тукуштородено машко чедо.
Сега кога стана мајка, криерата ќе мора да почека… Среќна и до крај исполнета, Кристина онаа музичката „Беби“ ја замени со она што е животна реалност – вистинско бебе и мајчинството!
Бродот на среќата за Кристина Поп Трпева продолжи да плови по друг курс, во еден поинаков правец, оној животниот… За секој родител – вистинскиот! Нека е со среќа!
Фото: Инстагрм принтскрин/kristinapoptrpeva