Радио Милева

Саша Поповиќ за „Ѕвездите на Гранд“: „Пејачите се тресат пред мене, а потоа глумат ѕвезди“

Саша Поповиќ за „Ѕвездите на Гранд“: „Пејачите се тресат пред мене, а потоа глумат ѕвезди“
фото: драгана удовчиќ

Директорот на „Гранд продукција“ откри дека сите кандидати на почетокот се плашат од него, а кога ќе станат популарни мислат дека можат со него да се однесуваат како ќе посакат.

Поповиќ ја најави 14тата сезона на музичкото шоу која започнува оваа сабота на „Канал 5 телевизија“ во Македонија.

Освен за новата сезона на регионалното музичко шоу, Поповиќ проговори и за тоа дека некои пејачи ги понела славата и парите, но многу бргу се спуштаат на земја кога кариерата нема да им тргне.

фото: Принтскрин/инстаграм

„На аудицијата и во првата емисија се тресат, па велат: „Леле, чичко Саша, леле директоре“, а по две години кога ќе станат ѕвезди ми велат: „Еј директоре, ти можеш ли ова, она..“. Има деца кои останат како да се појавиле првпат. Се гледа нивното воспитување, но многу од нив и се менуваат, не се децата кои беа.Се освестуваат кога ќе видат дека нивната кариера оди низ брдо, тогаш им се враќа воспитувањето и односот кон продукцијата, да тогаш дајте тезга, реклама. Па јас ги прашувам: „Зошто беше таков“, а тие одговараат: „Се случува“, изјави Поповиќ во „Утринска“ на Прва српска телевиизја.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, во новата сезона останува истото жири, а во секоја емисија ќе има член на жири кој ќе биде гост, но може  и да одбере некој кандидат и да му биде ментор.

Останати вести од Радио Милева