Радио Милева фраер од пелени

Сара Мејс покажа како го заспива синчето Кирил, од техниката таа е на седмо небо, а тој инстат потонат во сон (фото)

Сара Мејс покажа како го заспива синчето Кирил, од техниката таа е на седмо небо, а тој инстат потонат во сон (фото)

Пред осум месеци, пејачката и харфистка Сара Мејс по вторпат стана мајка и го искуси највозвишеното чувство за една жена.

Тој ден беше пијана од љубов, а веројатно нема да отрезне цел живот, особено ниту малку додека малиот Кирил е во бебешка фаза.

 

Сара Мејс постојано пред очите на следбениците на социјалните мрежи покажува како расте нејзниниот мал наследник, кој е едно ултра насмеано и весело бебе со кое мама гордо се фали.

Секое бебе е различно од ден во ден, но мама Сара најчесто ни ги покажува фраерлуците на Кирил кој таа го нарекува бебе топинг.

Овој пат, Сара сакаше на сите да им покаже зошто нејзиниот малечок е фраер од пелени.

Па така, ако најголем дел од мајките се уморни од нишкање и пеење приспивни песнички, во случајов тоа може да биде сосема обратно, па мајката да заспие пред бебето од технииката кој ја има малиот кога се заедно со мама.

-Е добро, како да не сум заљубена во детево? Како? Кога вака ми заспива…Ах, универзуми… За да заспие треба да сум го него, да ми се мушне, да ме гушне и да ме чешка позади врат… Дете топинг, пишува среќната мајка.

Абе да и позавидш на уживањето и леснотијата со која заспива бебе.

Дали е до детето или до мајката во случајов и не е така важно, освен тоа што е јаснпо дека хемијата мајка- дете е толку силна, незаменлива и магична!

фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс

To top