За добар и исполнет сексуален живот, неопходно е да бидете потполно искрени и отворени во разговорот со партнерот.Ако знаете што сакате од сексот, многу е поголема веројатноста дека тоа и ќе го добиете.
Нормално кога знаете што сакате, морате за тоа да го известите и својот партнер, а најголем број од жените го прескокнуваат тој чекор.Разговорот за сексот може да биде чуден на почеток, но подоцна додека уживате во кревет, ќе ви биде драго што сте го направиле.
Приказните за вашите желби во кревет може да биде романтично искуство, нешто што може многу да ве зближи или може да биде точка на раздор.
Кога ќе дојде до разговор, тој секогаш со себе носи и промени во врската, во најголем број од случаите, на подобро. Пред да се впуштите во дискусија, договорете се дека и двајцата ќе бидете потполно искрени, со отворен ум и нема да се осудувате еден со друг. Пристапете кон тоа со љубопитност. Поставете му искрено некои прашања и дознајте нешто ново за него.
Едни од прашањата можат да бидат, во какви допири најмногу ужива, дали има делови на телото кои почесто сакате да ги допирате, во кои знаци на внимание и љубов најмногу ужива во текот на денот.
Верувајте дека одговорите, но и самиот разговор ќе промени многу работи во врската.
извор:нетпрес.ком.мк