Шегите и насловните страници на списанијата создадоа гласина за русокосите дека се сексуално најпосакувани. Дали тоа е навистина така?
Одговорот е – не.
Д-р Вернер Хабермел, од Истражувачкиот институт во Хамбург, спровел истражување во кое ги споредувал сексуалните навики на неколку илјади Германци и бојата на коса на нивните партнерки. Заклучокот е дека црвенокосите жени имаат многу поактивен сексуален живот од останатите.
Објаснувањето е многу едноставно – тие полесно привлекуваат внимание на себе, бидејќи се издвојуваат од толпата. Не се во голем број, а не помалку важен е и фактот дека нивната боја на коса потсетува на младост и плодност.
Сите тие карактеристики кога ќе се искомбинираат, ги носат на самиот врв на посакуваност кај мажите, според д-р Хабермел.
извор:точка.ком.мк