Љубов и Секс

Романтични моменти за вашиот партнер

Романтични моменти за вашиот партнер

Создавањето романтични моменти со партнерот е нешто за кое секој во врската размислува, но ретко кој нешто презема околу тоа.

Еве предлози со работи кои може да ги направите за да внесете повеќе романтика во вашата врска.

1. Наутро на својот партнер донесете му убаво кафе, додека сè уште спие. Доколку сте во можност, можете да му приготвите и појадок во кревет, а тој/таа ќе биде пријатно изненаден/а. Вие ќе му го направите почетокот од денот фантастичен и исполнет со љубов и грижа.

2. Испланирајте романтично бегство за викенд.

3. Потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа прекрасно, секси или пак дадете му некој друг комплимент.

4. Доколку вашиот партнер има лош ден, однесете го на вечера. На овој начин ќе му ги оттргнете мислите од проблемите, а вкусното јадење секогаш расположува.