Радио Милева

„Родила ме мајка да будем певаљка“: Софче Џорлева растури во „Никогаш не е доцна“, а поради ова сите ќе ја паметат (видео)

„Родила ме мајка да будем певаљка“: Софче Џорлева растури во „Никогаш не е доцна“, а поради ова сите ќе ја паметат (видео)

Во последната емисија на „Никогаш не е доцна“ настапуваше и мајката на учесникот на „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски, 57 годишната Софче Џорлева.

Софче своето претставување го започна со реченицата „Родила ме мајка да будем певаљка“. Таа истакна дека прво започнала да пее, па потоа да зборува.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Софче потенцираше дека не и е желба да победи во музичкото шоу туку да стигне барем до 3, 4 круг.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

 

Со нејзиното појавување на сцената на „Гранд“ таа веднаш го освои жирито со својата позитивна енергија, а нејзина поддршка беа нејзиниот син Огнен Здравкоски, сопругот Миле Здравкоски  и нејзината другарка од Белград.

фото: грандонлине

Уште на самиот почеток, Софче ги насмеа сите во студиото велејќи дека нејзиниот сопруг е со неа 30 години, дека е помал од неа, но дека тој ја слуша.

„Маж и пијалок не менувам“ се пошегува македонската учесничка, на што сите се насмејаа во студиото.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Ацо Пејовиќ кој беше дел од жирито се пошегува со Софче, прашувајќи ја дали прво нејзиниот син ќе стане ѕвезда или ќе ја направи баба.

„Ма, каква баба бре“ одговори Софче, а Пејовиќ истакна дека во пријавата за емисијата напишала дека едвај чека внуци.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

На ова македонската учесничка имаше шарамантен одговор:

„Грешка си брате, ти ова го напиша“ се пошегува Џорлев и ги насмеа сите во студиото.

Софче се претстави со претстави со песната „Очи чорније“ која ја посвети на сопругот на Јелена Томашевиќ, Иван Босиљчиќ кој моментално е во Русија.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

„Леле, јас морам да ви честитам уште на самиот почеток поради преубавата енергија која ја имате, вие можете да водите некоја емисија“ изјави Томашевиќ.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Софче со својата интерпретација растури во музичкото шоу, а жирито имаше само убави зборови за нејзиното пеење.

„Прекрасно, прекрасни сте“, изјави Аца.

„Ја се неажив од првиот такт до крајот. Секоја чест“ ја пофали Томашевиќ македонската кандидатка.

фото: принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Саше Маринковиќ Маре исто така имаше само позитивни коментари за Софче.

„Се случуваше кај нас многу често да дојдат луѓе со слична енергија како вас, да не воодушеват со своето интервју и приказната на сцена, па ќе дојде пеењето и ќе биде…Вие само ја надоградивте вашата приказна и појава. Јас сум воодушевен“ истакна Маре.

фото: Принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Инаку, Софче моментално работи во Македонската опера и балет, а последен пат публиката можеше да ја слушне во изведување на “Аида“.

Таа помина во следниот круг, а како ќе се претстави и како ќе го воодушеви жирито останува да видиме, а дотгаш сите ќе ја паметат по нејзината позитивна енергија.

To top