Двете најголеми ѕвезди во регионот Лепа Брена и Драгана Мирковиќ важат за добри пријателки и зад сцената.
Иако во медиумите често се појавуваа наслови дека наводно двете пејачки не се во добри односи, сепак тие ги демнатираа тие пишувања.
Имено, пред некое време Мирковиќ се појави во емисии на „Гранд“ каде што беше гостинка.
Меѓутоа, во недела во финалето на „Никогаш не е доцна“, Лепа Брена и Драгана Мирковиќ се најдоа заедно пред камерите како дел од жирито на музичкото шоу.
Имено, двете пејачки беа дел од финалната вечер каде ги оценуваа финалистите.
Пред да започне снимњето, Брена и Драгана се сретнаа во студиото на Гранд, а Мирковиќ не се штедеше да упати комплименти на својата колешка и драга пријателка.
„Важно е дека ти изгледаш совршено, друго ништо не е важно“ изјави Мирковиќ.
Драгана откри дека е во одлични односи со сопствениката на Гранд.
„Немој да ни правете толкава пауза во нашето лично дружење. Што се однесува до работата, првпат после долго време се гледаме, но ние сме во многу добри односи“ изјави Драгана.
„Морам да признам дека ми недостигаше Драгана, ние многу се дружевме кога имавме турнерии низ Југославија. Сега кога и двете имаме семејства, само се дружиме на некои заеднички прослави“ изјави Брена за својата колешка.