Се’ повеќе млади луѓе учат за сексот единствено гледајќи порнографија на Интернет.
Како децата учат за сексот? Доколку го сторат тоа гледајќи порнографска содржина, авторите на кампањата во Нов Зеланд ги предупредуваат дека тоа не е добро.
Затоа излегоа со рекламата, која стана вирална, но и го шокираше светот.
Главните протагонисти во рекламата се двајца порно актери кои ќе се појават на прагот на куќата на едно момче, кое во истовреме, во својата соба на лаптопот пребарува вакви содржини на Интернет.