Редовниот и добар секс може да го намали крвниот притисок и да делува исто како земање лекови, покажало новото истражување објавено на Државниот универзитет во Грузија, пренесува “Daily Mail”.
Во истражувањето учествувале лица кои во текот на сексот носеле монитори за следење на работата на срцето, а со тоа истражувачите го оценувале интензитетот на оргазмот од 66 до 106, а просекот бил 87.
На лицата кои имале секс, следниот ден им бил измерен 13 отсто понизок систолен притисок, објавиле научниците, па ова е всушност доказ дека сексот делува исто како и таблети за намалување на притисокот.
“Колку е оргазмот подобар и поинтензивен, толку е понизок притисокот следниот ден по водењето љубов”, велат истражувачите од Државниот универзитет. Се верува дека сексот влијае врз притисокот така што го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин кој може да го намали стресот. Освен тоа, претходните истражувања покажуваат дека редовниот секс го зајакнува имунитетот.
Сексуалниот живот придонесува кон попозитивен поглед кон животот, но и ја намалува болката и го подобрува здравјето во целост. Исто така, поквалитетниот однос веројатно ќе ја зголеми и зачестеноста на сексот, а со тоа ќе започнете да ги губите и вишокот килограми.
извор:точка.мк