Радио Милева непрепознатливо издание

Редок кадар на Зорица Брунцлик: Еве како изгледаше пејачката во младоста (фото)

Редок кадар на Зорица Брунцлик: Еве како изгледаше пејачката во младоста (фото)

Пејачката Зорица Брунцлик со децении е дел од јавната сцена. Таа зад себе има голем број хитови кои публиката од сите генерации ужива да ги слуша.

А, покрај успешната музичка кариера, Брунцлик има и големо семејство, што и е најголема радост, има четири деца, три ќерки и еден син.

Долги години е во брак со хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.

На социјалната мрежа Инстаграм на која се објавуваат фотографии од естрадните уметници од младоста и од почетокот на кариерата, се појави и фотографијата на Зорица од 1982 година.

На оваа фотографија Брунцлик изгледа сосема поинаку од денес, а тоа што многумина веднаш не ја препознаваат се должи на нејзината различна боја на коса.

Имено, пејачката денес сите ја познаваат по нејзината позната розова боја на коса, но порано таа беше црна.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естрадни архив

 

To top