Љубов и Секс

Разведените луѓе често се плашат, а и општеството ги осудува

Разведените луѓе често се плашат, а и општеството ги осудува

Жените двојно почесто чувствуваат вина и срам поради неуспешниот брак, а една третина од разведените парови тврдат дека во бракот останале и се труделе најмногу што можеле.

Во 21-ви век, разводот сè уште носи одредени предрасуди, за што сведочи и фактот дека повеќе од половина разведени парови чувствуваат некаков срам поради неуспехот на нивниот брак, покажала студија на британската адвокатска компанија „Slater and Gordon“, кај повеќе од 1000 разведени лица.

Според студијата, жените имаат двојно поголема веројатност дека ќе чувствуваат вина и непријатност поради разводот од мажот, а во просек потребно е да поминат 4 години после официјалниот развод за луѓето да закрепнат емоционално.

Најчестата причина поради која луѓето остануваат во нефункционален брак се грижата за децата и финансиите, а секој 10-ти останал во брак бидејќи не сакал да се носи со социјалните предрасуди кои ги носи разводот. Повеќе од една третина од луѓето, прекинувањето на бракот го доживуваат како личен успех, без разлика дали се чувствуваат виновни што одбрале лош животен партнер или затоа што не успеале да пронајдат заеднички јазик, и покрај верувањето дека ќе останат заедно додека ‘смртта не ги раздели’.

За тоа дека бракот се завршува брзо и лесно покажува и податокот дека повеќе од 75 отсто од луѓето активно се труделе да го спасат односот и да му дадат уште една шанса, објавиле истражувачите.

Социјални последици од разводот:

– Околу 46 отсто од луѓето секојдневно се соочуваат со осудување од другите

– Околу 60 отсто од луѓето велат дека после разводот изгубиле голем број заеднички пријатели

– Секој шести маж вели дека после развод ги загубил своите пријатели

– Повеќето разведени прови веруваат дека нивниот социјален живот претрпел голема штета после разводот

извор:точка.ком.мк

To top