Живот и Стил

Разубавете го домот со едно поинакво цвеќе – го викаат папучки, неговиот мирис ќе ве освои

Разубавете го домот со едно поинакво цвеќе – го викаат папучки, неговиот мирис ќе ве освои

Цветовите можат да бидат со различни бои, најзастапени се светло жолтата и црвената боја, а нивниот мирис потсетува на кајсии.

Calceolaria е растение од семејството Calceolariaceae и е една од најпосебните европски орхидеи. Тоа е едногодишно растение кое обично расте до 30 сантиметри.

Нејзините темнозелени листови се покриени со влакна, а она што ја прави особено неодолива се цветовите кои наликуваат на папучки или за некого на печурки. Цветовите можат да бидат со најразлични бои, а најзастапени се силно жолтата и црвената боја, а нивниот мирис потсетува на кајсии.

Ова растение потекнува од Централна и Јужна Америка, па грижата за ова растение најдобро ќе функционира доколку се обидете да ги имитирате условите што ги има во неговата природна средина.

Тоа значи дека треба да го чувате во прозорец со многу светлина, но без директна сончева светлина. Прозорците сместени на северната страна, подалеку од директен извор на светлина, се најпријатни за ова цвеќе.

Исто така, не е добро ако коренот му е премногу влажен. Наводнете го растението темелно, а потоа ставете го во мијалник да се исцеди десет минути. Оставете ја површината на почвата да се исуши пред повторно да наводнете.

фото:GWI/Trevor Sims / Garden world images / Profimedia

извор:курир.мк

To top