Љубов и Секс

Разликата е очигледна! Вака заљубениот маж води љубов

Разликата е очигледна! Вака заљубениот маж води љубов

Честа дилема на девојките е дали оној со кого водат љубов навистина ги сака, дали ќе остане и следниот ден покрај нив или му е важна само таа една ноќ?

Сексот на почетокот на врската обично е возбудлив и поинаков од оние во претходните врски, но кога тој ќе почне да се заљубува сè ќе стане сосем поинакво.

 

  1. Ве бакнува почесто и подолго

 

Бакнежите за мажите се многу интимен чин. Поради тоа, тие се еден од првите знаци дека интензивно размислува за долга врска и се гледа себе во иднина покрај вас. Ако ве бакнува почесто од претходно, по целото тело и долго, сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека сте му важна.

 

  1. Посветен е на сексот

 

Мажот кој само сака да ужива во сексот, а не во врската нема да се труди премногу околу предиграта и потребното време за и жената да се возбуди. Кога сте му важни, ќе се потруди до најмал детаљ да бидете задоволни од сексот и да почувствувате колку му значи.

 

  1. Сака да ви угоди

 

Уште еден знак е тоа дека ве испрашува што сакате во сексот и слуша што му зборувате. Мажите кои се во врска само поради забава немаат потреба  детално да разговараат со партнерката за нејзините тајни желби.

 

  1. Секогаш е внимателен и великодушен

 

Ако е внимателен и великодушен љубовник не само првите неколку пати, туку подолго време, тогаш сигурно е забележан. Тоа е затоа што е заинтересиран и сака однос кој ја надминува зоната на сексот. Токму затоа се обидува да сфати што ви е важно, кои се вашите ерогени зони и како се чувствувате со него.

 

  1. Опуштен е и свој

 

Кога е опуштен и не се брза по неколку интимни моменти, тоа е солиден знак дека е заљубен или почнува да се заљубува. Од истата причина нема да се труди постојано да ве импресионира и да покажува колку е совршен во сè.

 

  1. Малите работи се важни

 

Внимава на атмосферата и се труди да создаде романтично опкружување за состанок. По малите детали како што е вечера со свеќи или нов парфем  ќе забележите колку се труди за да сфатите колку сака да биде со вас во врска.

 

Исто така ќе ви предложи и дружење со пријателите или да одите на кратко патување. Мажот кој сака само попатна афера и добра забава никогаш не би ве вклучувал во својот живот.

 

To top