Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна ја изненади јавноста со информацијата дека е бремена и дека очекува бебе со својот колега од бендот со кој настапува, Роберт Спасенцовски.
Младата мајка засега се уште не е подготвена да ги открие деталите за бременоста, ама ако се суди од око или она што е видливо од нејзините најнови објави со нараснатиот стомак, таа е на средината од бременоста.
Ден по ден, месец по месец, Антониа најверојатно е во вториот триместар од бременоста, но како што објави не баш и годи секаква храна, особено наутро, а и недостигаат и спа – центрите кои не баш се препорачливи за трудници.
Од своите последни „стори“ на Инстаграм Гиговска се сврти во профил и снимајќи се во огледало покажа како го гали стомаечето кое убаво се оцрта од црните хеланки кои ги имаше идната мама на себе.
Бременоста е најубавиот период за една жена, а Антониа очигледно не е од оние трудници кои мируваат, бидејќи се уште закажува и одржува настапи.
А за тоа дали е разгалена трудница и колку и „вријат“ хормионите, најдобро си знаат оние со неа дома.
фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук