Радио Милева Детали од приватноста

Од неа го наследила талентот и убавината, а на прв поглед би помислиле дека се сестри: Мими Јовановска најголемата поддршка во „Ѕвездите на Гранд“ ја добива од мајка си која ја пријавила на шоуто (фото)

Од неа го наследила талентот и убавината, а на прв поглед би помислиле дека се сестри: Мими Јовановска најголемата поддршка во „Ѕвездите на Гранд“ ја добива од мајка си која ја пријавила на шоуто (фото)

Во последната сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на сцената застанаа да го покажат својот талент голем број кандидати од Македонија.

Секој од нив немаше среќа да ги освои симпатиите и да ги задоволи критериумите на жирито, но во тоа успеа велешанката Мими Јовановска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Jovanovska (@mimijovanovskaa)

„Ѕвездите на Гранд“ можеби се отскочна даска за нејзината кариера, но таа со фолк музиката и јавните настапи се среќава од претходно. Токму поради актуелноста која ја има периодов во регионот, Мими е се почеста гостинка пред камерите во македонски емисии.

Деновиве беше гостинка во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, каде зборуваше за искуството во шоуто, но и откри детали од приватноста.

фото:мими јовановска/фејсбук/магазин/сител

Талентираната велешанка сподели дека на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ не ни знаела дека е пријавена, се до моментот кога не ја побарале на аудиција.

Пријавувањето за учество го направила нејзината мајка за која вели дека е нејзината најглема поддршка.

фото:мими јовановска/фејсбук

Освен тоа Мини откри и дека талентот им бил семејно во гените, така што нејзината мајка исто така имала музичка дарба. Она што е неизбежно да се забележи е дека Мими и мама на прв поглед изгледаат како сестри, а многупати добиле вакви комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Jovanovska (@mimijovanovskaa)

Она што беше откриено е и тоа дека мајката на Мими заедно со нејзиното братче живеат во странство, па Мими е особено среќна кога тие доаѓаат во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Jovanovska (@mimijovanovskaa)

По неколкуте одлични изведби во „Ѕвездите на Гранд“ веруваме дека Мими ќе го воодушеви жирито и регионалната публика во следниот круг кој е се поблиску до големото финале.

To top