Љубов и Секс

Работи кои тој никогаш нема да ви ги признае

Работи кои тој никогаш нема да ви ги признае

Немојте да бидете убедените дека ви ги открива сите негови чувства и мисли. Ова вам никогаш нема да ви го каже:

Мисли дека вашата сестра е згодна

Никогаш нема да ви признае дека мисли дека вашата сестра/пријателка/кума е згодна. Ако вие мислите за некоја ваша пријателка или роднина дека е згодна веројатно и тој ќе го мисли истото. Не сака да зборува за тоа бидејќи не сака да се расправа на таа тема, а и тоа ништо не му значи.

Се плаши од пајаци

Ќе стисне заби и ќе го убие пајакот кога ќе почнете да врискате, иако и тој умира од страв.

Се плаши од иднината

Правењето планови за иднината за него е полошо од убивање пајаци.

Нема претстава што работи

Печката се расипала? Па, добро, ќе се симне во котларницата и ќе почне да ја удриа со чекан држејќи го во една рака, додека со другата рака ќе пребарува по Гугл и ќе бара „како да поправим печка“. Кога нешто навистина успее да го поправи во себе ликува од среќа бидејќи ни нему самиот не му е јасно како го направил тоа.

Сте се здебелиле

Никогаш вам нема да ви ја изговори оваа реченица. Кога ќе кажете нешто во стилот „леле…. морам да ослабам“, ќе ја промени темата.

Не го сака вашето хоби

Веројатно имате многу заеднички работи, но сигурно дека постојат една или две работи на кои се согласува само затоа што вам тоа ве чини среќни.Ќе седи и ќе гледа со вас некоја серија или емисија, иако му е неизмерно досадна.

Сака некои работи кои вие ги презирате

Вие презирате, на пример, хамбургер, а тој не може да му оддолее. Можете да бидете сигурни дека тајно ужива во таа храна.

Што навистина мисли за вашето семејство

Ако некој од вашите роднини не му се допаѓа, тоа вам никогаш нема да ви го каже. Во тоа бидете сигурни.

Сака да гледа порно филмови

Ви признал дека понекогаш гледа „понекој“ порно филм, но никогаш нема да ви открие во која количина ги гледа овие филови. Нема потреба ни да го прашате.

извор:нетпрес.ком.мк

To top