Љубов и Секс

Работи кои не треба да ги правите во кревет

Работи кои не треба да ги правите во кревет

Вашата спална соба треба да биде ’сигурна зона’ и ’оаза на мирот’, каде што ќе се опуштите и ќе уживате после напорниот ден.

Иако креветот е вашето омилено место за споделување нежности, сепак, за да го задржите рајот мора да припазите на неколку работи кои сигурно ги правите, а не би требало…

Немојте да се срамите да ги откриете своите фантазии

На многумина ова им е сеуште табу тема и нешто што не го кажуваат така лесно. Стравот од одбивање и предрасудите на партнерот можат да биде кочница поради која најчесто се останува во вообичаени сексуални навики. Психолозите советуваат отворено да разговарате на оваа тема, бидејќи само на тој начин ќе успеете да најдете заеднички јазик, а и ќе дознаете што ви одговара во врската, а што не. Не само што ќе одбегнете одредени неугодни ситуации во иднина, туку и ќе го подобрите сексуалниот живот на сосема ново ниво.

Не се расправајте пред спиење

Многу парови одлучуваат токму пред спиење да отворат некои теми за разговор за кои немале време во текот на денот. Но, доколку одберете да дискутирате чувствителни теми, тоа може да биде нож со две сечила. Наместо да поминете квалитетно време заедно, расправата може да отиде во погрешен правец и да се развие во лутина и кавга, која дефинитивно треба да ја држите надвор од спалната соба. Никако немојте да одите на спиење налутени. Гледајте вашата соба да остане ’сигурна зона’.

Немојте да глумите оргазам

Иако сакате да го расположите партнерот и да му покажете колку уживате заедно, сепак немојте да му ’сервирате’ лажно задоволство. Сосема е легитимно да се изјасните кога нешто не ви е по желба и да признаете дека не уживате. Немојте да глумите оргазам бидејќи на тој начин само дополнително ќе го поттикнете партнерот да продолжи со истите работи во сексот, со оглед дека смета колку сте вие задоволни. Кажете му отворено на партнерот што ви пречи, а што ве возбудува во сексот, без разлика колку тоа перверзно и да звучи.

Не критикувајте

Никој од нас не е совршен и сите си имаме по некоја мана. И додека некои сметаат дека најголемите мани се од карактерна природа, сепак некој има и проблем со своето тело. Токму тие мали несовршености не би требале да бидат причина за конфликт или тема на разговор, а особено ако ги занемарувате своите и ги критикувате туѓите. Големината на пенисот, градите или здебелениот стомак…не се нешто што би требало да биде пресудно или да има било какво влијание на тоа како вашиот партнер ве доживува.

извор:нетпрес

To top