Љубов и Секс

Психотерапевтка објаснува дека интимниот однос е поквалитетен во хотелската соба отколку во спалната

Психотерапевтка објаснува дека интимниот однос е поквалитетен во хотелската соба отколку во спалната

Интимните односи започнуваат многу прашања. А неодамна била спроведена анкета во која испитаниците одговориле дали нивниот однос е подобар во домот или во хотелска соба.

Еве го заклучокот.

Имено, во извесна анкета спроведена во Америка, половина од испитаниците изјавиле дека имаат подобар интимен однос во хотелска соба отколку во брачен кревет, а објаснување за тоа има сексуалната психотерапевтка Мариса Нелсон.

Пред сè, хотелската соба е асоцијација на брачните парови на медениот месец. Второ, излегување од познатото опкружување на спалната соба во непознатото е многу возбудлив момент, што е научно докажано, според „Huffpost“.

Во новото опкружување, мозокот произведува повеќе допамин, хормонот на среќата и задоволството, кој игра голема улога во сексот, односно го зголемува уживањето и возбудата.

За паровите хотелските соби се асоцијации за одмор и бегство од секојдневието преполно со обврски и стрес, посебно доколку имаат деца. Колку и да се трудат да го спречат тоа, во брачниот кревет неретко ќе залутаат децата и домашните миленици, па тоа престанува да биде асоцијација на интимните односи.

Затоа ексклузивноста на хотелската соба им овозможува на паровите да се фокусираат само на односот и целосно да се посветат еден на друг.

Затоа, доколку вашиот брак се претвори во рутина, а интимниот однос останува само на зборови и во сеќавања – терапевтката ве советува да изнајмите хотелска соба. Додала дека не мора да патувате далеку, но доколку живеете во мало гратче посетете го соседното, а ако сте во голем град не мора ни да го напуштите.

Важно е само вие двајца да се затворите неколку часа или ден-два и да се посветите еден на друг.

извор:точка.ком.мк

To top