Психотерапевтот и советник за односи, Стивен Инг, на жените им открил една работа поради која што и колку и да се заљубени, треба да се откажат од сериозен однос со тој маж.
Во својата колумна тој вели дека жените не треба да бидат во сериозна врска со маж кој што покажува и најмала доза на агресија и злоставување.
„Погледнете околу себе. Ќе видите многу насилни врски во кои што не треба и не сакате да бидете вие. Речиси сите луѓе кои што се злоставувани во врските од страна на нивниот партнер велат дека на почеток сè било совршено, апсолутно прекрасно. Одеднаш – шок, започнува злоставувањето. На почеток вербално, а потоа и психички“, истакнал Инг.
Превртување со очите на секој ваш кажан збор, понижување, критикување на работите кои што ги правите, напнатост кога ќе се допирате… Овие знаци можеби изгледаат безопасни, но неретко претходат на физичкото злоставување.
„Поентата на љубовта е чувството на сигурност кое што го имате покрај саканата личност, а не спротивно. Треба да може да дишете. Не смеете да се чувствувате злоставувано и понижено. Кога-тогаш луѓето ќе ги забележат тие работи. Во тој случај, колку и да сте поврзани со таа личност, треба да го прекинете односот со неа“, нагласил Стивен.
извор: точка.ком.мк