Љубов и Секс

Психолозите велат дека овие навики за кои паровите не се свесни ја „убиваат“ страста меѓу нив

Психолозите велат дека овие навики за кои паровите не се свесни ја „убиваат“ страста меѓу нив

Научните студии кои биле објавени неодамна, откриле што ја „убива“ страста во љубовната врска и поради што луѓето сè помалку водат љубов со своите партнери.

Имено, психолозите го следеле сексуалниот живот на неколку стотици учесници за да го откријат точниот одговор на ова прашање.

Главната причина е недостаток на ентузијазам, а потоа на листата се нашле и недостатокот на приватен простор и време.

„Недостатокот на секс и неразбирање во тоа подрачје по некое време може да ги раздвои луѓето и да доведе до други проблеми во врската. Откријте ги навреме таквите проблеми и на тој начин нема да се оддалечите од вашиот партнер“, вели авторот на истражувањето Менелеос Апостол.

Имено, луѓето кои сфаќаат дека на нивниот партнер му недостасува ентузијазам кога станува збор за сексот, се чувствуваат „потплатено“.

Една од многубројните причини е и поминување многу време на работа, а на четвртото место како причина се наведува и лошиот сексуален однос и неразбирање со партнерот околу тоа прашање.

Освен тоа причини поради кои сексуалниот однос со партнерот со текот на времето ви станува непривлечен и не ви се допаѓа е и разликата во вашите карактери.

Партнерите кои во меѓувреме станале родители велат дека немаат доволно време, а ниту простор за водење љубов.

извор:точка.ком.мк

To top